Ние сме во потрага за луѓе од сите правни области. Академската совршеност е важна, но поради нашиот обем и вид на работа, морате исто така добро да го владеете англискиот јазик, и во говорна и во пишана форма.
Без разлика дали имате искуство или сте на почетокот на својата кариера, ќе мора да имате желба за предизвик и да имате детално разбирање на правото, како и способност за работа во различни области на правото.
Покрај тоа, ние сме во потрага по луѓе кои се тимски работници, кои добро соработуваат и комуницираат и со колегите и со клиентите, со цел да се обезбедат одлични резултати.
Ако се гледате себеси во таква средина, Ве молиме слободно да ни ги испратите вашето CV и кратко мотивационо писмо.