Адвокатска Kанцеларија „ЈАНКОВИЌ“

Иван Јанковиќ матурира во “Vassar High School” - Васар, Мичиген, САД, во 2000-та година, а потоа студира на Правниот факултет на Универзитетот "Св Кирил и Методиј" – Скопје од 2000-2005 год., по што стажира како адвокатски приправник во канцеларијата на Адвокат Валерјан Моневски од 2006-2008 год., а потоа како правен консултант во осигурителни компании, а во Август 2011 год. ја основа Адвокатската Канцеларија „ЈАНКОВИЌ".

Адвокатската Канцеларија „ЈАНКОВИЌ“ работи на административните процедури, правни и консултантски услуги, активна комуникација помеѓу клиентите, длабински правни анализи, работи на застапување и судски постапки пред македонските судови во три нивоа на судскиот систем, како и административни постапки пред државните институции во Република Македонија. Исто така канцеларијата овозможува правни услуги за регистрирање на компании, комплетната документација и внатрешнo уредување на работата на компаниите, изработка на акти на компаниите, статути, одлуки, извештаи и другата документација од правен аспект потребна за работа на компаниите.